×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Високите зони 10 дена без вода, граѓаните најавуваат протести

    30.06.2014 12:50 | KumanovoNews

    Жителите кои живеат во високите зони на градот повеќе од 10 дена  имаат проблеми со водоснабдувањето.

    Високите зони 10 дена без вода, граѓаните најавуваат протести

     Без вода за пиење се населбите Карпош, Перо Чичо, Иго Тричковиќ, Ајдучка Чешма, Соколана и селото Черкезе, додека намален притисок има речиси во сите делови на градот и во повисоките згради.  Граѓаните се закануваат со протести доколку веднаш не се реши проблемот.

       - Повеќе од 10 дена жителите на село Черкезе немаат капка вода. Граѓаните се лути поради тоа, и незадоволството постојано расте, бидејќи постои опасност од појава на заразни болести на овие високи температури. Ако не се реши проблемот во најскоро време, жителите најавуваат блокада на стариот пат Куманово - Скопје и протести пред јавните претпријатија “Водовод“ и Водостопанство. Нив не ги интересира политиката и кој е надлежен да го реши проблемот, тие сакаат да имаат вода за секојдневните потреби, како што е тоа нормално насекаде - изјави Фадиљ Шабани, претседател на месна заедница Черкезе.

    Жителите на населбата Карпош вчера организираа протести и најавија дека  ќе го блокираат магистралниот пат Куманово - Крива Паланка.

     Од ЈП „Водовод„ велат дека немањето вода е поради тоа што не е ставен во функција цевководот т.н. бај -пас, кој треба да обезбеди дополнителни 130 литри во секунда вода до Филтер станицата за потребите на високата зона. ЈП Водостопанство не ја пушта водата поради неподмирени сметки од „Водовод„ за предходниот период.

      -  Имаме 170 литри во секунда по главниот вод, 80 литри од алтернативните извори, и фалат тие 130 литри по бајпас и индустриски вод што Водостопанство не го пушта. Се надевам дека ќе надвладее разумот, дека ќе ги пуштат тие количини па дополнително ќе најдеме решение за проблемите - изјави Горан Стојковски, директор на ЈП “Водовод“.

    За утре на седница на Советот ќе се расправа за проблемот со водоснабдувањето во градот.