×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата да воведе карантин во Куманово, бара Кризниот штаб

    23.03.2020 18:22 | KumanovoNews

    Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово, побара од Владата да донесе одлука за воведување карантин на територијата на Општина Куманово, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

    Владата да воведе карантин во Куманово, бара Кризниот штаб

    - Бараме од Владата  да донесе препорака (одлука) за воведување карантин на територијата на Општина Куманово, со поставување на контролни пунктови од страна на МВР на секој влез и излез во градот, на кои воедно ќе се врши контрола и соодветна дезинфекција на сите возила и патници, кои влегуваат во Куманово, - соопштуваат од Општинскиот штаб.

    Истовремено побарано е Владата да обезбеди поголем број на тестови од вирусот COVID 19 и да се отворат повеќе пунктови за тестирање на лица, како и да се зголеми полициски час во времетраење од 18.00 до 06.00 часот.

    - ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово да изврши дезинфекција во сите влезови на станбени згради и ходници. Да бидат затворени капелите во наредниот период, а погребување да се врши на самото гробно место. Се бара од Општина Куманово да даде на користење четири возила на СВР Куманово за нивни потреби, по претходно доставено барање од нивна страна, - стои во соопштението од Кризниот штаб.