×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата донесе одлука за приоритетно издавање на пасоши на професионални возачи

    27.02.2024 20:43 | Сузана Николиќ

    На денешната седница Владата донесе одлука за воспоставување на брза лента за издавање на патни документи за сите професионални возачи.

    Владата донесе одлука за приоритетно издавање на пасоши на професионални возачи

    Со одлуката се опфатени сите транспортери и превозници кои поседуваат валидни сертификати за професионални возачи и на кои им се овозможува по приоритет да ги заменат патните документи, со цел континуирано извршување на работните обврски.

    Постапката за пријавување ќе се извршува преку здруженијата и асоцијациите на транспортери, со што листите со професионални возачи ќе се достават до Министерството за транспорт и врски кое ќе ја проверува валидноста на сертификатите, а понатаму ќе се проследуваат до Министерството за внатрешни работи.

     Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, вели дека oколу 90 проценти од транспортот во државата се врши по патниот сообраќај. 

    Од транспортниот сектор многу зависи домашната економија и затоа сакаме да овозможиме транспортот да не трпи поради состојбата што во моментов ја имаме со патните исправи. Денеска го отворивме прашањето на Влада, по барањето на здруженијата на транспортери, разговаравме и Владата ја усвои таа информација и МВР се задолжи да ги забрза процедурите за професионалните возачи. Очекувам за десетина дена да биде завршена процедурата од започнување до издавање на патната исправа на возачите.“, изјави министерот Бочварски.