×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата и СОНК се договорија за зголемување на платите, од среда продолжува наставата и работата на градинките

    26.04.2022 09:32 | Сузана Николиќ

    Владата и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита и се договорија за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април.

    Владата и СОНК се договорија за зголемување на платите, од среда продолжува наставата и работата на градинките

    „Низ отворен дијалог, постигната е согласност за покачување на платата во образованието и во детската заштита за 12 отсто, кое ќе биде реализирано со ребалансот на Буџетот и започне да се применува со јулската плата. Договорот меѓу Владата и СОНК вклучува и заедничка соработка на креирањето на методологија за раст на платите која треба да биде завршена до крајот на оваа година и којашто ќе се применува од 2023 година, а која ќе е предмет и на општиот колективен договор“, соопштува Владата.

    Владата и СОНК се договорија како предмет на усогласување на гранскиот колективен договор да биде вклучена и редовната исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15, кој ќе започне да се исплаќа од 2023 година, откако претходно ќе биде потпишан општиот колективен договор со јавниот сектор.