×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата бара кризната состојба за снабдување со струја да продолжи до јуни

    02.12.2021 06:26 | Сузана Николиќ

    Владата донесе одлука за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со струја за дополнителни 6 месеци, односно до 9  јуни. Предлог-одлуката ќе биде доставена на усвојување до Собранието.

    Владата бара кризната состојба за снабдување со струја да продолжи до јуни

    „Предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија“, се вели во соопштението на Владата.

    Владата на 9 ноември донесе одлука за воведување кризна состојба во траење од 30 дена заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија. Тогапш министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека со прогласувањето на енергетска кризна состојба, единствена мерка која произлегува од оваа одлука е да се вбризгаат финансиски средства во енергетските компании со цел да се стабилизира состојбата на пазарот на електрична енергија, односно не се предвидени рестриктивни мерки.

    „Операторот на преносниот систем МЕПСО изготви Извештај за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година. Според доставениот извештај, Комисијата процени дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија“, кажа на прес-конференцијата на 9 ноември министерот Бектеши, додавајќи дека ваквата проценка на ризици се темели на намалените капацитети на домашното производство, но и поради зголемените цени на светските пазари.