×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата ја замрзна маржата за лебот, зејтинот, шеќерот, млекото...

    14.06.2022 14:54 | KumanovoNews

    Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо. Според одлуката почнувајќи од утре до 30 септември, маржата за бел леб, шеќер и сончогледово масло ќе биде 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За јајца, брашно, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз и млеко маржата од утре ќе биде 10 отсто.

    Владата ја замрзна маржата за лебот, зејтинот, шеќерот, млекото...

    „Дополнително на тоа како важна одлука во делот на формирање на цени е тоа што до крајот на годината нема да се пресметуваат никакви дополнителни трошоци и нема да се одобрува рабат ни надоместоци на секој трговец“, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

    Министерот кажа дека ваквата одлука се носи откако трговците ги зголемија цените на производите и најави ако се констатира нагло зголемување и кај други производи, ќе се зголеми листата на производи со замрзната маржа.

    „Се наоѓаме во економска криза, најголема после Втората светска војна и затоа не е време да се направат истите профити како пред оваа криза“, додаде Бектеши.