Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Околу 50 милиони денари должи Министерството за образование на Општината Куманово по основ на исплата на плати и придонеси за просветните работници, капитални инвестиции и сретства за тековно одржување и затоплување на училиштата.
Одлуката на Владата со ребаланс на буџетот да скрати околу 10 одсто од предвидените сретства во образованието за 2010 година, најмногу ги погодила големите општини.
Ние се соочуваме со голем проблем и на 1 јануари 2011 година Куманово ќе има дефицит во образованието од 48 милиони денари. Владата во ребалансот на буџетот не ги стави трошоците за покачување на платите со колективниот договор од 30 насто, а истовремено и блог дотациите во основното и средно образование се намалени за 38 милиони денари. Се намалуваат и наменските средства за реновирање на училиштата, за греење и останатото тековно одржување, така да вкупниот дефицит се зголеми за околу 50 милиони денари - објаснува градоначалникот Зоран Дамјановски.
Од локалната самоуправа велат дека помалите општини кои имаат мал дефицит решението можат да го најдат во внатрешните резерви, но Куманово има 1870 вработени и 20 правни правни субјекти со околу 22000 ученици.
Градоначалникот најави дека на наредната седница на управен одбор на ЗЕЛС ќе предложи образованието повторно да се врати на државата, бидејќи таа не е способна да ги исполни обврските што ги налага децентрализацијата и дупките во буџетот ги крпи преку сретствата од општините и граѓаните.
Овој дефицит ќе ќе падне на грбот на граѓаните на Куманово бидејќи од нивните средства кои се одвојуваат за оперативни или за капитални инвестиции ќе мора од буџетот да ги пренамениме за исполнување на фискалниот буџет во образованието - рече градоначалникот.