×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите во земјата

    15.07.2024 07:37 | KumanovoNews

     Владата донесе одлука за кризна состојба  во траење од 30 дена, поради големите пожари во земјата.

     

    Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите во земјата

    Ги задолжи Министерството за внатрешни работи да ангажира полициски сили за поддршка при гасење на пожарите; Министерството за здравство и здравствениот персонал од општа и медицина на трудот да бидат во приправност за времетраењето на кризната состојба; Министерството за финансии да обезбеди дополнителни наменски финансиски средства ако за тоа се покаже потреба.

    Владата ѝ предложи на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата во справувањето со кризната состојба,а Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи (ЦУК) да ги следи состојбите, да координира со активностите и редовно да ја информира Владата. Главниот штаб при ЦУК е задолжен веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување.

    Стотина припадници на Армијата и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ се вклучија гаснењето на пожарот во поширокиот реон на Неготинско и планината Серта.

    Владата апелира до граѓаните за внимателност при движењето во шуми и шумските појаси и областите зафатени со пожари.

    Исто така, го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – П.О. Скопје, за наредната седница на Владата да информира за состојбите и потребата од ограничување на движењето на лица во шумите и шумските појаси.

    Според ЦУК, активни се пожари и тоа во Општина Неготино во атар на село Кањалево, во Општина Ново Село, на Огражден,во Гевгелија кон Кожуф, во Прилепско, село Црнилиште, во Штипско меѓу селата Драгоево и Селце. Дополнително, од вчера од повеќето новопојавени уште се активни три пожари на отворено, во Општина Конче во селата Горно и Долно Лаповиќ, во Општина Велес во село Јаболчиште и во Општина Штип помеѓу селата Драгово и Селце. ЦУК соопшти дека од силите се уште на терен, но како паѓа ноќта се повлекуваат, а некаде според процена на пожарникарите превентивно ќе се остават дежурни екипи.