Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека го запоседнала Градскиот плоштад, поставувајки огромен шатор за презентирање на партиски активности, притоа не водејќи грижа за интересите на граѓаните.
СДСМ, под раководство на Бранко Црвенковски, во овој момент е истрошена транзициона политичка партија. Тие се во длабока криза, како кадровска, така и програмска, немаат ништо ново да им понудат на граѓаните на Република Македонија. Во едни такви околности, за да ја покријат својата безидејност и немањето конкретна програма и проекти, единствено нешто што измислија е театарската сценографија со неколку фотељи и бедуински шатор, во стилот на арапските шеици-рече портпаролката Тамара Петрушевска.
Таа во име на граѓаните праша: дали СДСМ има извадено дозвола за локација на времениот објект и дали имаат право да го узурпираат просторот за шетање на граѓаните заради партиски цели?