ВМРО ДПМНЕ денеска ќе ги обeлодени кандидатите за пратеници
04.05.2011 07:37
| KumanovoNews
ВМРО ДПМНЕ денеска ќе ги објави имињата на кандидатите за пратеници во шесте изборни единици со кои партијата ќе настапи на претстојните парламентарни избори.

Имињата на кандидатите се држат во најголема тајност. Во втората изборна единица во куманавскиот регион, како носител на листата се спомнува претседателот на Собрането Трајко Вељановски, а додека за еден од сигурните кандидати, пратеникот Петар Поп - Арсов се шпекулира дека ќе биде на листата во првата изборна единица. Имињата на кандидатите за пратеници од Куманово не се објавуваат, ниту тоа колку места ќе добијат.