ВМРО-ДПМНЕ денеска на протест во Куманово
02.12.2020 08:07
| KumanovoNews
ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18 часот ќе одржи протес во 15 градови ширум државата.

- Продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македоската држава и македонскиот народ. Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси, - велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ и ги повикува граѓаните да им се приклучат на протестот.