×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Гласот на граѓанинот нема цена

    03.04.2013 09:06 | KumanovoNews

     Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ги отфрлаат наводите на шефот на изборниот штаб на СДСМ Оливер Спасовски, изнесени на вчерашната прес-конференција, дека вработени во државните институции ја злоупотребуваат својата позиција и вршат притисок врз граѓаните да гласаат за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

    ВМРО-ДПМНЕ: Гласот на граѓанинот нема цена

    Една ваква изјава на шефот на изборниот штаб на СДСМ, Оливер Спасовски, каде вели дека МВР, Министерство за земјоделство и Шумска полиција, како и Центарот за социјални работи вршат притисок врз граѓаните за поен плус, е нешто со кое СДСМ се обидува да си ги прикрие своите нечесни и против законски игри со кои го рушат човековото достоинство, злоупотребувајќи ја нивната социо-економска состојба.

    ВМРО-ДПМНЕ, сака јасно и гласно да им порача на сите оние кои се служат со вакви мeханизми, дека власта по секоја цена неможе да се добие со уцени, закани, заплашувања и подмитување. Ние, цврсто сме уверени дека, не постои цена со која може да се купи достоинството на еден човек, затоа и на овие локални избори излеговме со конкретна програма, со дела кои ќе овозможат подобар и поквалитетет живот за секој наш сограѓанин.

    Лесно е да се зборува и да се префрлува топката на некој друг, но од СДСМ и неможеме нешто друго да очекуваме, затоа што тие се оние кои одат на избори без програма, без конкретни дела со кои можат да се пофалат и тие се оние на кои единствено што им остана е употреба на методи на поткупување, заплашување и уцени. На само чекор до изборите, очигледен е стравот кај СДСМ дека на 7-ми Април ќе дожиеват тежок пораз, затоа му порачуваме на Шефот на изборниот штаб на СДСМ , господинот Спасовски првин да си погледне во својот двор и да се запраша-„Зошто токму неговите комшии и пријатели од населбата Перо Чичо не го доверија својот глас за СДСМ, и зошто ВМРО-ДПМНЕ би користел вакви методи во населби каде убедливо ја доби довербата од граѓаните„? Останува нејасно, доколку сето ова е вистина, зошто немаат поднесено ниту една пријава,и дали сметаат дека нивниот збор е доволен доказ? Веројатно сеуште се наоѓате во шок поради поразот кој го доживеавте во првиот изборен круг, немате меѓусебна координација и ја имате заборавено изјавата од вашиот кандидат, Зоран Дамјановски која ја даде непосредно по завршување на првиот изборен круг дека ”Изборите ги оценувам за фер и демократски,…”

    Затоa им порачуваме на граѓаните на Куманово дека Вашиот глас нема цена, со вашиот глас Вие одлучувате во каква иднина ќе живеете Вие, вашите деца и поколенијата. ВМРО-ДПМНЕ ја почитува секоја ваша одлука. Ние не нудиме локуми, брашно, зејтин или било какви материјални средства. Ние нудиме ДЕЛА, ние нудиме просперитет и подобра иднина- се вели во одговорот на изјавата,  од ВМРО-ДПМНЕ Куманово.