Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, го поздрави почетокот на примената на измените на Законот на акцизи со кој граѓаните ќе можат со помалку сретства да дојдат до поквалитетни автомобили.
Граѓаните сега ќе можат да купат автомобили, а тие што имаат постари возила да ги заменат со понови. Акцизите за старите и новите возила, претрпуваат општо намалување. Колку за споредба, со овие измени, половните возила за кои граѓаните на Куманово порано плаќаа од 5.000 – 6.000 евра, сега истите ќе ги чинат од 2.000 – 3.000 евра. Сите автомобилите до 3.000 евра сега се ослободени од акциза, додека намалувањето на акцизите на другите возила се движи од 50 до 600 евра, во зависност од вредноста на возилото - рече Игор Божиновски на денешната прес конфернција .
Тој нагласи дека со измената на Законот за акцизи се решава и проблемот со возилата со странските таблички.