×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ:Градоначалникот не ги исполни ветувањата во Гоце Делчев

    03.07.2015 13:28 | KumanovoNews

    Од ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски, дека ништо не исполнил од предизборните ветувања дадени во 2013 година за населбата уредување на  Гоце Делчев.

    ВМРО-ДПМНЕ:Градоначалникот не ги исполни ветувањата во Гоце Делчев

    Не се поправени скалите на улиците “Никшиќка“ и “Лесковачка“, не се поставени лежечки полицајци на “Титова Митровачка“, нема клупи и зеленило на “Тоде Думба“, не е регулиран сообраќајот на крстосницата меѓу “Трета МУБ“ и “Б.Б.Гуцман“, нема автобуски постројки и урбана опрема и ред други работи.

    Ова се само неколкуте ветувања за населбата Гоце Делчев кои се уште не се отпочнати, а веќе градоначалникот длабоко навлезе во третата година од својот мандат. Гоце Делчев требаше да биде една од најубавите и најсовремени населби, во која ќе бидат запазени највисоките стандарди на живеење. Денес, како резултат на повеќегодишното запоставување и неодржување од страна на локалната власт, условите за живот се крајно отежнати и недостоинствени. Сите премини и скалила се распаѓаат, проектираните простори за мали паркови и зеленила прераснуваат во мали депонии, улиците се во катастрофална состојба, хигиената е на многу ниско ниво - изјави  Валентина Јовановска, советничката во Советот на општина Куманово од  ВМРО-ДПМНЕ.

    Таа повика градоначалникот наместо да бара изговори, да ги решава локалните проблеми за што е избран од граѓаните.