×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Катастарот во Куманово нема заостанати предмети

    21.04.2010 13:53 | KumanovoNews

     Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес конференција се пофали со реформите во кастарот што се спроведени во последните три години.

    ВМРО-ДПМНЕ: Катастарот во Куманово нема заостанати предмети

     Катастарските услуги станаа подостапни за граѓаните. Минатите влади, предводени од СДСМ, не само што не спроведоа ниту една реформа во областа на катастарот, туку беше една од најзапоставените, а граѓаните на катaстарот гледаа како извор на енормна корупција и криминал.Потврда за успешното спроведување на реформите во катастарот е тоа што Македонскиот проект за катастар на недвижности и регистрација, годинава е еден од 12-те победници на натпреварот “Подобрување на животот на луѓето во Европа и Централна Азија” што го организира Светска банка - рече Дејан Јовановски, раководител во Одделението на катастар во Куманово.

     Од партијата сметаат дека со реформите дури 98% од државата е покриена со катастарска евиденција, запишувањето во катастарот се врши за само пет дена, наместо 60 како досега, а цените се намелени за 70 насто, поради што државата се смета за предводник на Балканот во однос на катастарските реформи.

     Само за споредба, во 2006 година катастарот во Куманово имаше 2.500 нерешени предмети, или заостанување од близу 20%. Денес, Одделението за катастар на недвижности во Куманово нема ниту еден заостанат предмет, односно сите предмети се решаваат во законски предвидениот рок. Катастарот во Куманово има речиси 99% од покриеност на катастарската евиденција во општината-рече Јовановски.