Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска на прес-конференција обвинија дека јавното претпријатије “Куманово-гас“ е само товар за општината.
Потсетуваат дека градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски за локалните избори ветил дека гасоводната мрежа интензивно ќе се гради, но тоа не се случи.
Зоран Дамјановски имаше ветено дека гасоводната мрежа интензивно ќе се гради во период од 2013-2017 година. Во овој период, беше ветено дека ќе се изградат 40.000 метри дистрибутивна гасоводна мрежа. Гасот ќе може да се понуди на 15.000 домаќинства и 1000 правни субјекти, со што целосно ќе биде покриено централното градско подрачје и ќе се шири кон периферните делови на градот. Овој проект требаше да донесе нови инвестиции и 100 нови вработувања. Со жалење може да заклучиме дека до денеска нема реализација на ова ветување. Денеска “Куманово-гас“ претставува само терет на општината која секоја година одвојува значителни финансиски средства за негово одржување - изјави Срѓан Ивановски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
На прес-конференцијата беше кажано дека ова претпријатије во првото полугодие од 2015 година има загуба од 3.5 милиони денари, што е за 7.3 проценти повеќе од истиот период 2014 година. Од партијата велат дека ова е само пример за неодговорно трошење на пари во претпријатије кое стои во место.