×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ му оддаде почит на Драган Богдановски

    01.06.2015 07:35 | KumanovoNews

    Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, вчера на Градските гробишта во Куманово организираше панихида за Драган Богдановски.

    ВМРО-ДПМНЕ му оддаде почит на Драган Богдановски

    Со панихидата членовите на ВМРО-ДПМНЕ му оддадоа почит на ликот и делото на Богдановски.

    “Богдановски целиот свој живот го посвети за самостојна и суверена Република Македонија. Тука е неговата најголема улога. Во времето кога беше изложен на голема репресија на прогон, се откажа дури и од сопственото семејство, од целиот свој живот и го посвети на борбата за осамостојување на македонската држава“ - изјави професорката Виолета Ачковска.

    Богдановски се залагал за единството во партијата и се залагал државата да биде сочувана од туѓи влијанија. Богдановски е роден на 18 септември 1929 во кумановското село Клечовце, а починал во Федериција, Данска на 31 мај 1998 година. Бил еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945 година и еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ.