Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција го обвини градоначалникот Зоран Дамјановски и СДСМ дека не дозволуваат да се предаде во употреба спортската сала во земјоделското училиште „Киро Бурназ„.
Сите потребни градежни зафати за кои ингеренции имаше Владата и Агенцијата за млади и спорт се завршени. Финаширањето на овој проект во однос на поврзувањето на комуналната инфраструктура, а што е во директна надлежност на локалната самоуправа се комплетно запрени и закочени- изјави портпаролката Тамара Петрушевска.
Таа го праша градоначалникот и СДСМ зошто им пречат инвестициите од Владата, кога се тие во интерес на граѓаните. При тоа истакна дека исти проблеми локалната власт поравела и кога требала да се издаде употребна дозвола во салата „Панко Брашнаров„ во населбата Карпош.