×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг на плоштадот

    03.06.2011 09:33 | KumanovoNews

     Коалицијата "За подобра Македонија",предводена од ВМРО-ДПМНЕ синоќа на Градскиот плоштад во Куманово одржа предизборен митинг.

    ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг на плоштадот

    На митингот зборуваа лидерите на политичките партии од коалицијата,Шабан Салиу,Иван Стоиљковиќ и Љубисав Иванов, кандидатите за пратеници во втората изборна единица Дарка Петрушевска, Јордан Пачков и Гордана Јанкуловска, како и лидерот на партијата Никола Груевски.

    "Да зачекориме цврсто и обединето, да кажеме "Да",за новото време, "Да" за Македонија, "Да" за 1200 проекти. Ова  е патот на Македонија изградена од вредности со образовани граѓани, со модерна инфраструктура, со урбанизирани населби, со намалена невработеност до 6%,со решени стамбени прашања, со развиена култура, толерантна држава,мала но богата земја.Ние не ја бараме оваа победа за ВМРО ДПМНЕ, имавме уште една година за да се грижиме за сите категории граѓани, да градиме, да обединуваме, да ги продолжиме суштинските промени. Не обвинуваат дека сме се задолжувале,но како е можно ММФ да не смета за држава со стабилна економија,како може која било банка да понуди кредит некому кој не може да го исплати. Имаме највисок кредитен рејтинг, повисок од оној во владеењето на Црвенковски и Георгиевски"- рече Груевски.

    Пред кумановци се обрати и носителката на листата од втората изборна единица,Гордана Јанкулоска,која ги презентираше планираните проекти од "Манифестот за реформи и развој" за Куманово.

    "Ќе го изградиме остатокот од патот Куманово-Табановце, правецот Крива Паланка –Романовце, делницата Куманово-Липково-Арачиново, ќе се реконструираат железничката пруга и станица во Куманово и Табановце, 60 стамбени објекти ќе се изградат само во Куманово. За сите оние кои не се тука, а сакаат да се вратат ќе изградиме регионален информативен центар каде со совети, обуки, едукација ќе овозможиме просперитет, за нашите најмлади 40 основни училишта во Куманово"- рече Јанкулоска и додаде дека граѓаните од Куманово,не ја заборавиле тразнизицијата и срамната приватизација на кумановските фирми "ЗИК","Димче Еребица","Кожара","Југ Турист"...

    Таа ги повика граѓаните да направат разлика помеѓу сегашните плати, пензии, социјални надоместоци во однос на времето на Црвенковски. Ги обвини политичките опоненти дека ги признаваат само партиските закони и судови.