Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Унијата на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ, во Центарот за култура организираше трибина, за поттикнување на младите луѓе и жените за одпочнување на свој бизнис.
На трибината присуствуваа претставници од Агенцијата за вработување, кои објаснија какви поволности се нудат за основање на фирма. Беше потенцирано дека за четири часа може да се отвори фирма за разлика од порано кога за истата постапка се губеа денови или седмици.
- Темата е “Младите, претприемништвото и иновациите од идеја до реализација“. На трибината има пет излагачи. Тоа ќе бидам јас како домаќин, раководителот на подрачна единица на Централен регистар, а ќе говори и локален бизнисмен од Куманово за своето искуство - рече Срѓан Ивановски, претседател на УМС на ВМРО - ДПМНЕ ОК Куманово.
Драган Лазаров од правната комисија на партијата рече дека цел месец во поголемите градови низ Македонија се организирани слични трибини. Тој објаснува дека малите и средни претпријатија се двигател на економијата на секоја држава. Лазаров кажа дека земјава е лидер во Европа и регионот бидејќи нуди поволни услови за бизнис.
- Јас сум тука за на младите луѓе да им ги предочам мерките кои Владата ги презема од 2006 година со поповолна бизнис клима во нашата држава и олеснување на процесот на регистрирање на сопствен бизнис.Тоа се низа реформски мерки кои практично ги чувствуваат граѓаните. Тоа најдобро зборува за ефектот на досега сработеното. Во извештајот на Дуинг бизнис за 2012 година, Република Македонија е рангирана на извонредното 23 место - изјави Игор Божиновски, раководител на Централен регистар Куманово.
Божиновски потенцираше дека зад Македонија во споменатиот извештај се 20 земји членки на Европската Унија. Иако беше најавено присуство на министерот за труд и социјална политика Спиро Ристоски, тој не се појави, а предавачите се извинија во негово име и рекоа дека министерот заради неодложни обврски не можел да дојде.