Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Oд општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција потсетија на реформите што ги преземала Владата во изминатиот период за подобрување на состојбите во земјоделството.
Во Подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Куманово, како и во целата држава, во тек е реализација на Националната програма за субвенционирање на македонските фармери. Со оваа програма секој земјоделец може да добие по 8.000 денари од еден хектар насеана полјоделска култура, 40.000 денари по хектар за стари лозови насади и 140.000 денари по хектар за нови лозови насади, 2.500 денари за секое грло добиток итн. Оваа е вистинскиот начин за помош на македонското земјоделство, кое со години наназад беше опустошувано и осиромашувано од Владите на СДСМ и Бранко Црвенковски - рече портпаролот Игор Божиновски.
Од партијата велат дека за првпат во државата се предвидува доделување на државно земјоделско земјиште на социјалните случаи на плодоуживање.
Покрај ова, континуирано трае процесот на доделување на државно земјоделско земјиште под закуп до 10 хектари на ИЗ и правните субјекти. Согласно оваа мерка во рамките на општина Куманово ќе се доделат над 1.000 хектари државно земјоделско земјиште, со што директна корист ќе имаат кумановскте земјоделци - потенцираше Божиновски.