Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, вчера ја напуштиле седницата на Советот, откако не бил изгласан извештајот за работа на Земјоделското училиште „Киро Бурназ„.
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Николовски, вели дека ја прекинале работата затоа што не сакале да дадат легитимитет на СДСМ во пресметката со поранешните коалициони партнери и во решавање на внатре партиските проблеми.
Наместо да ги решаваме проблемите на граѓаните и да работиме во интерес на градот, СДСМ продолжува со политичката пресметка со неистомислениците и нивните довчерашни членови и коалициони партнери. Не сакавме да учествуваме во линчување на поединци кои професионално си ја вршат работата и да бидеме дел од срамното однесување на мнозинството. Затоа ја напуштивме седницата, а тие потоа по телефон прибраа 17 советника за да имаат кворум за работат - вели Николовски.
По заминувањето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, седницата ја напуштиле и тројцата советници од независната група на Виктор Цветковски.
Извештајот за работа на Земјоделското училиште не бил прифатлив за мнозинството советници на СДСМ, затоа што тие сметале дека менаџерскиот тим во последната година покажал слаби резултати во работењето. Но, причината сепак е во тоа што директорот Горан Јовановиќ е од листата на Зоран Петрушевски, кој неодмна ја прекина коалиционата соработка со СДСМ и му даде подршка на Виктор Цветковски.
Советници кои имаат долго советничко искуство велат дека за 21 година ова е првпат да падне извештај за работа на средно училиште.