Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од ВМРО - ДПМНЕ денеска нa прес - конференција реагираа на изјaвата на носителот на советничката листа на Сојузот на иднината, Максим Димитриевски, дека во првиот круг имало неправилности при гласање.
Како и секогаш досега, одбегнувајќи да ја согледаат вистината и прифатат дека во првиот круг доживејаа тежок пораз, локалното раководство на СДСМ и господинот Димитриевски во нивниот стар и познат манир да ја бараат вината кај други, а не кај самите себе, обвинија за манипулации со избирачкиот список и кражба на гласови. Да одговориме веднаш : ВМРО - ДПМНЕ, како партија блиска до народот, им го понуди на граѓаните она што многу јасно зборува за себе, реализирани дела и дела за кои се обрза дека ќе ги оствари, ако ја добие довербата на гласачите. Граѓаните на Куманово, ја препознаа вистинската понуда и го направија вистинскиот избор. - изјави Емилија Арсовска Николовска, портпарол на ОК на ВМРО - ДПМНЕ Куманово.
Од оваа партија обвинија дека ЈП“ Чистота и зеленило“ има лош менаџерски тим, дека Дамјановски не изградил фабрика за комунален смет, дека СДСМ шира лаги според кои ВМРО - ДПМНЕ ако победи ќе ги избрка кадрите вработени во јавните претпријатија.