×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ се поклони пред борците од НОБ

    08.09.2011 12:28 | KumanovoNews

     Делагации на ВМРО-ДПМНЕ денеска предпладне полoжиа цвеќе на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ.

    ВМРО-ДПМНЕ се поклони пред борците од НОБ

    Во чест на 20 годишнината од независноста на Република Македонија, пред паднаците борци се поклонија претставници на:  Парламентот, Советот на општината,  државни претпријатија и институции, членови и симпатизери. На присутните им се обрати пратеникот Јордан Пачков.

     Ова го правиме со посебен пиетет,  затоа што ВМРО-ДПМНЕ и сите оние кои што ја почитуваат пропагандата што ја спроведува токму оваа партија,  што ја почитуваат програмата на токму оваа партија, и пред се она што го манифестира во целосниот историски свој период, тоа е всушност чествувањето и бележењето на светлите датуми од нашата македонска историја- истакна Пачков.

    Тој не пропушти да ги искритикува политички противници, кои не дојдоа на одбележувањето на празникот поради уништување на дел од плочите на Споменикот. При тоа побара историјата да не се дели, бидејќи тоа не е во интерес на македонскиот народ и идентитет.

     Денеска овде сме осамени во чествувањето на денешниот празник, со изговор на нашите политички опоненти дека  споменикот е руиниран, а тоа всушност покажуваат дека тие се неспособни да организираат една ваква прослава- рече Пачков во обраќањето.        

    Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Николовски, вели дека Советот не донел никаква одлука околу прославата на Споменикот.

     Тоа требаше да се реши низ постапка во Комисијата за одбележување на празници, и потоа да се стави како точка на дневен ред на Совет и да се дискутира. Ние како советничка  група го поставивме ова прашање, но немаше дебата.Во паузите разговаравме накратко со претседателот на Советот, кој не зазеде никаков став и остана нерешено прашањето. Ние како партија не сакавме да го испуштиме овој ден, 20 години од самостојноста на РМ, и како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ дојдовме да го испочитуваме денот- изјави Николовски.