×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО - НП: Македонија не смее да заостанува за влез во ЕУ

    24.04.2014 13:43 | KumanovoNews

    Од ВМРО - Народна партија денеска ги повикаа граѓаните во недела масовно да излезат на гласање со цел смена на власта.

    ВМРО - НП: Македонија не смее да заостанува за влез во ЕУ

    Тие сметаат дека Македонија сега е во очајна состојба и не треба веќе да го одолговлекува влезот во Европската Унија.

    Тоа што го видовме на средбите со граѓаните дава надеж дека народот повеќе не се плаши од оваа актуелна власт, има цврсто убедување дека на изборите во недела слободно и масовно ќе ја кажат својата волја, а тоа е една порака и од нас како ВМРО - НП да во недела масовно се излезе, масовно се гласа за демократијата и за влезот во ЕУ и НАТО. Тоа е очајно потребно на Република Македонија, посебно на сите граѓани кои што живеат во Република Македонија затоа што навистина долго време помина и ние не треба да заостануваме зад сите европски, светски текови во целокупното наше живеење - изјави Љупчо Балковски, носител на листа во изборна единица 2.

    Балковски е незадоволен од известувањето на јавниот сервис каде не им отстапиле доволно простор за промоција, иако на минатите избори беа трети по бројот на освоени гласови. Тој вели дека во повеќе градови биле опструирани при дистрибуција и истакнување на изборен материјал, но за Куманово и околината рече дека имаат позитивни сигнали дека луѓето сакаат промени.