Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Камерите поставени на Градскиот плоштад и на неколку раскрсници во градот, ги регистрираат прекршоците што се прават во сообраќајот.
Од МВР објаснуваат дека видео надзорот има за цел да ги спречи сообраќајните прекршоци на пешаците и возачите.
Увид во видео материјалите имаат стручни полициски службеници, кои по потреба ќе интервенираат и ќе ги казнуваат прекршителите.
Прекршителите прво ќе добијат предупредување, а кога ќе почне казнувањето, сопствениците на возилата ќе добијат платен налог, покана за глоба и записник за сторен прекршок- велат од МВР.
Забелешките на граѓаните дека не се обележани местата под видео надзор, од МВР се правдаат дека таблите ги тргаат несовесни граѓани.