×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Ајдучка чешма фекалии течат по улица

    01.07.2010 11:19 | KumanovoNews

     Река од нечиста вода измешана со измет тече по улицата и навлегува вонивите и  дворовите на околните куќи. По фекалиите  секојдневно газат минувачи и возила , поради што жителите се плашат  дека ќе се  појави заразна болест.

    Во Ајдучка чешма фекалии течат по улица

     Скоро два месеци дел од населбата Ајдучка Чешма се дави во фекалии. Со денови жителите на  улицата 315 мака мачат со канализацијата што истекува од шахта и пукната цевка. Река од нечиста вода измешана со измет тече по улицата и навлегува во дворовите на околните куќи. По фекалиите  секојдневно газат минувачи и возила , поради што жителите се исплашени дека ќе се појави заразна болест.

     Повеќе од месец ипол никој не презема ништо. Кога пријавивме во ЈП „Водовод„ излегоа на терен, видоа за што се работи ја ископаа улицата и повеќе не се вратија. Тука секојдневно поминуваат голем број на граѓани кои заразата ја носат низ целата населба. Ова е срамота, ако живееме во приградска населба незначи дека треба да не остават да се удавиме во фекалиите - се жалат жителите.

    Од ЈП „Водовод„ им објасниле дека цевката каде што истекува водата е сплескана и пукната, па поради тоа им треба повеќе време да ја поправат. Но, жителите бараат тие да бидат поекспедитивни, бидејќи од излеаната канализација се шири неподнослива реа и не можат да спасат од муви и комарци. Тие најавуваат подрастични мерки и протести пред Општината,  додека не се заразиле.