×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Бедиње се прослави празникот Балаклија

    09.04.2010 15:34 | KumanovoNews

     Во црквата Св.Петка во населбата Бедиње денеска верниците го прославија празникот Источен петок или Балаклија.

    Во Бедиње се прослави празникот Балаклија

      Овој Светол петок се празнува во нашата црква со духовни песни, молитви и со света богослужба. Се прославува мајката Богородица за да ја придобиеме нејзината љубов и милост. Ова е петок на кој треба сите да се радуваме да бидеме среќни го празнуваме во чест на бескрајната богородична милост на човечкиот род - рече протоереј Ванчо Каранфиловски.

     Верниците во голем број беа присутни во црквата за да го одбележат празникот кој во североисточниот дел на Македонија се прославува единствено во оваа црква.

    Традиционално доѓаме секоја година во оваа црква да си земеме осветена вода, иако не го знаеме значењето на овој празник -рече еден верник.

    Источен петок е ден посветен на извор на мајка Богородица, кој се наоѓа во Мала Азија во областа Ефес. Лековитоста надалеку се прочула, доаѓале болни, слепи кои подоцна се излекувале и прогледувале. Зборот источник на старословенски значи извор,истекување, протекување.