Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во раните утрински часови во четврток и петок ќе се изврши второ третирање против крлежи на зелените јавни површини во градот со користење на контактен инсектицид.
Целта е да се спречи ширење на заразни болести. Сите третирани површини ќе бидат видно обележани.
Не се препорачува подолг престој на третираните површини, како за луѓе, така и за животни, а особено во периодот непосредно по извршениот третман. Пчеларите да си превземат соодветни мерки за заштита на пчелите.- соопштуваат од Општина Куманово.
Во случај да не се изврши третирање поради лоши временски услови, истото се одложува за наредниот ден.