Мени

Во два дена фрлени две бомби во дворови на семејни куќи во Куманово

29.07.2026 13:49 | KumanovoNews

Две експлозивни направи за два дена биле пронајдени во дворови на семејни куќи на улицата „Бајрам Шабани“ во Куманово.

Во два дена фрлени две бомби во дворови на семејни куќи во Куманово

Според информациите од СВР Куманово, вчера во 14:35 часот, Е.Х. (30) од Куманово пријавил дека во дворот на неговата куќа била фрлена експлозивна направа.

Увид извршила полициска екипа, при што на терасата од куќата била пронајдена експлозивната направа, а во дворот била пронајдена безбедносна рачка, за која се претпоставува дека потекнува од истата направа.

Експлозивната направа била безбедно подигната од страна на Единицата за откривање и деминирање на експлозивни средства и направи при МВР и е предадена на понатамошна обработка.

И завчера во 12:55 часот М.Д. од Куманово пријавила дека во нејзиниот двор на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово забележала експлозивна направа. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а направата била безбедно подигната од Единицата за откривање и деминирање на експлозивни средства и направи при МВР за понатамошна обработка.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.