Мени

Во „Гарнизон“ откриена фалсификувана облека

19.02.2010 15:55 | KumanovoNews

Текстилна стока во вредност од 40 илјади евра, денеска е запленета во дуќаните во трговскиот центар „Гарнизон„ во Куманово. Фармерки, кошули, маици и тренерки фалсификат на познатите трговски марки Долче Габана, Армани, Ла Коста, Адидас, Пума и Левис, биле одземени од Кординативното тело за интелектуална сопственост во соработка со полицијата.

Во „Гарнизон“ откриена фалсификувана облека

- Во централното подрачје контролирани се 10 објекти во кои најдовме фалсификувани трговски  брендови кои се заштитени на меѓународно ниво. Против сопствениците ќе бидат поднесени прекршочни и кривични пријави - вели Мите Мите Костов, претседател на  Координативното тело за интектуална сопственост.

Во редовната акција се вршила проверка и на работата на една кабловска телевизија.

Иста ваква акција на Дирекцијата за интелектуална сопственост во соработка со полицијата имаше при крајот на мината година кога беше запленета стока на Зелениот пазар.