Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец претпаладнево направи вистински карамбол, кога со својот автомобил удрил во три возила на улицата Железничка во близина на касарната Боро Менков. Во сообраќајката се повредени седум лица од кои едно со сериозни повреди е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.
Во несреќата најлошо поминал сопатникот во пасатот Б.Ш.(25), додека возачот А.Е.(25) се здобил со тешки повреди. Повредени се и А.З.(46) возачот на опел астра, неговите сопатници Ч.Ц.(36), К.Ж.(48), У.С. (30), У.А.(36) од Скопје и возачот на голфот Ч.Р. од Ропаљце, а Ш.З.(45) од мерцедесот останал неповреден.
Едниот од повредените е донесен во многу тешка здравствена состојба, со повреди на главата во бесознание и повреди на грданиот кош. Направена му е реанимација и веднаш е префрлен на скопските хируршки клиники. Двајцата други се со повреди на главата на рацете, на градниот кош, не се во животно загрозувачка состојба, но ќе бидат задржани на хируршко одделение,- изјави др. Борче Божиновски, дежурен хирург во општа болница Куманово
Сообраќајната несреќа се случила во 11 часот, кога пасатот управуван од А.Е.(25) од Куманово додека се движел од периферијата кон центарот на градот, се обидел да престигне мерцедес, при што се судрил со опел астра со скопски регистрерски таблички, кој му доаѓал во пресрет. Од ударот пасатот се свртел и прво удрил во голф, а потоа и во мерцедесот што го претекнувал. Голфот излетал од патот и се превртел. Полицијата ги испитува причините за несреќата.