×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово 15 новозаболени и 18 оздравени од коронавирус

    09.12.2020 18:51 | KumanovoNews

     Во последните 24 часа регистрирани се 504 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.470 тестирања.

    Во Куманово 15 новозаболени и 18 оздравени од коронавирус

    По градови  во: Скопје-174, Куманово-15, Дебар-21, Штип-18, Прилеп-36, Тетово-47, Струга-1, Велес-31, Битола-8, Охрид-19, Кавадарци-26, Гостивар-27, Гевгелија-15, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Свети Николе-15, Неготино-10.

    Четириесет и шест лица починаа од ковид-19 за 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

    Починати се 19 пациенти од Скопје (85, 28, 66, 64, 73, 72, 84, 73, 67, 78, 75, 72, 73, 67, 84, 81, 72, 72 и 84), еден од Дебар (74), еден од Штип (81) и еден од Прилеп (83), пет пациенти од Тетово (78, 83, 82, 74 и 67), двајца од Струга (61 и 61), тројца од Велес (68, 68 и 59), тројца од Охрид (71, 89 и 57), еден пациент од Кавадарци (64), еден од Гостивар (59), тројца од Струмица (73, 75 и 83), двајца од Кочани (82 и 70), еден од Демир Хисар (71), еден од Македонски Брод (64) и двајца пациенти од Кичево (80 и 67). Министерството за здравство вели дека од нив седум пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

    Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1.376 и има околу 160 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Институтот за јавно здравје регистрира 731 оздравени пациенти од: Скопје-252, Куманово-18, Штип-34, Прилеп-47, Тетово-22, Струга-34, Велес-35, Битола-33, Охрид-24, Кавадарци-18, Гостивар-39, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Крушево-60, Кочани-5, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Виница-7, Кратово-4, Свети Николе-10, Кичево-24, Ресен-13 и Неготино-13.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 69.954, оздравеа 46.352, а активни случаи се 21.579.

    Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 30273, активни 10886

    • Куманово 4113, активни 655.