×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово 18 новозаболени и 10 оздравени од коронавирус

    11.09.2020 14:19 | KumanovoNews

     Се зголемува бројот на новозаболени од коронавирус во Североисточниот регион. Во денешниот извештај на Министертсвото за здравство во Куманово се регистрирани 18, Крива Паланка 8 и Кратово еден новозаболен.

    Во Куманово 18 новозаболени и 10 оздравени од коронавирус

    На ниво на државата во последните 24 часа се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 142 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје 37, Куманово 18, Тетово 13, Гостивар 9, Прилеп и Крива Паланка 8, Делчево 7, Битола и Струмица 4 и др.

    Починати се 5 лица, пациент од Гостивар (69), од Прилеп (84), од Охрид (84), од Македонски Брод (46) и пациент од Штип (58).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравен пациент од:Скопје 20, Куманово 10, Штип 10, Струга 11...

    Досега во земјата се направени вкупно 163.132 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15555, бројката на оздравени пациенти е 12994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1919.