×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово 23 новозаболени од ковид-19

    25.08.2020 14:44 | KumanovoNews

     Во Цетарот за јавно здравје во Куманово, регистрирани се нови 23 случаи од коронавирус. Сите се од Куманово.

    Во Куманово 23 новозаболени од ковид-19

    На ниво на државата во последните 24 часа се направени 1768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 38, Куманово 23, Штип 3, Прилеп 15, Тетово 8, Гостивар 12, Велес 5 и др.

    Починати се 5 лица, една пациентка од Крива Паланка (69), двајца од Гостивар (77 и 63), еден пациент од Неготино (69) и еден од Скопје (70). Сите се починати во болнички услови.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 140.093 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13799, бројката на оздравени пациенти е 10210, на починати е 573, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3016.