Мени

Во Куманово 25 нови случаи на коронавирус и еден оздравен

22.08.2020 15:14 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје во Куманово регистрирани се 25 новозаболени од корнавирус.  Куманово е второ на листата по новорестрирани веднаш зад Скопје, каде има 32 нови случаи. Потоа следуваат Гостивар со 22, Струга 15, Тетово 9, Берово 9, Штип 8, Прилеп 9 и др.

Во Куманово 25 нови случаи на коронавирус и еден оздравен

Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје на 77, 80, 85 и 86 годишна возраст, еден пациент од Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти.

Во Скопје 27, Куманово 1, Дебар 3 и др.

Досега во земјата се направени вкупно 136.051 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13458,  бројката на оздравени пациенти е 10052, на починати е 563, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2843.

 Во Куманово заболени се 1.355 лица, а активни се 317.