×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово ќе гласаат 12 заболени од кронавирус и 19 во домашна изолација

    11.07.2020 12:33 | KumanovoNews

     Во Општинската изборна комисија (ОИК) во Куманово, за гласање во домашни улови се пријавиле вкупно 189 стари и немоќни лица и 31 лице заболено со корона вирус или во самоизолација.

    Во Куманово ќе гласаат 12 заболени од кронавирус и 19 во домашна изолација

    „12 лица кои се заболени со коронавирус и 19 лица во домашна изолација и под здравствен надзор, ќе гласаат во понеделник на 13 јули. Гласањето ќе го спроведуваат два избирачки одбори составени од здравствени работници. Останатите 189 лица се болни и изнемоштени, кои поради неможност на гласање на своите избирачки места ќе гласаат на 14 јули во вторник дома. Тој ден ќе гласаат и корисниците на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ како и затвореници од затворот Куманово во Кшање“, - соопштуваат од ОИК.

    Во Општина Куманово, на парламентарните избори, право на глас имаат околу 86.000 граѓани, а ќе се гласа на 167 избирачки места.

    На  денов на изборите во среда избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори.