×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово фалат геодети, информатичари и математичари

    16.12.2013 15:48 | KumanovoNews

    Информатичари, геодетите, архитектите, градежните инженери и општи лекари, се професиите кои намлалку  ги има во градот, велат од Центар за вработување во Куманово.

    Во Куманово фалат геодети, информатичари и математичари

    Искуствата покажале дека работотодавачите, кои имаат потреба од вакви кадри тешко доаѓаат до нив, па се принудени да ги бараат во околните градови.

    Кај нас најмногу се бараат геодети, а таков кадар немаме во евиденција на невработени. Професорите по физика и математика се дефицитарни и од нив немаме регистрирани невработени. Имаме само 3 архитекти, информатичар само 1, професор по француски јазик 1. Доктори по општа медицина имаме 3, но тие не сакаат да работат во село, бидејќи приоритет им е работа во државна институција. Како пример за с.Матејче 6 месеци се бара општ лекар - вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.

    Во третиот квартал од годинава во Североисточниот регион се регистрирани само 133 слободни работни места, наспроти 28.319 пополнети места, стои во Државниот завод за статистика.

    Наспроти дефицитарните кадри, во градот има премногу правници, економисти, учителки...