Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово ќе биде една од 16 општини во која ќе се отвори ковид-центар, за справување од можен есенски бран на пандемијата на коронавирус.
„По барање на министерот за здравство, Венко Филипче, се реализираше онлајн состанок помеѓу градоначалниците од општините Куманово, Гевгелија, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола и Ресен и Прилеп“ , соопшти Министерството.
На состанокот било констатирано формирање на регионални ковид- центри во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови, во кои би можело да се аплицира за систем на монтажни модули, односно мобилни болници како подготовка за справување со евентуален есенски бран на пандемијата.
Градоначалниците сметаат дека се потребни и посебни протоколи кои ќе се изработат за одредени постапки што ќе ги преземе секоја општина.
Од Министерството за здравство најавија дека со сите директори на болници во овие градови, ќе се формира јасна и дополнителна слика за здравствените капацитети кои би требало да се справат со евентуалниот позасилен бран.
(Д.Д)