×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово криминалот намален за 20 %

    05.12.2014 12:08 | KumanovoNews

     Намален е бројот на кривични дела во Куманово.

    Во Куманово криминалот намален за 20 %

    Од полицијата тврдат дека во првите девет месеци од 2014 година на подрачје на СВР Куманово, пријавени се 1436 кривични дела. За истиот период во минатата година бројот изнесувал 1736 кривични дела. Тоа практично значи дека криминалитетот е намален за 17 одсто или дека се пријавени 300 дела помалку во однос на лани.

    „Се работи за намалување класичниот криминал за 17,7 %,  тешки кражби 16,4 %, прекршоци од јавен ред и мир за 15 %, сообраќајни незгоди за 12 %, сообраќајни незгоди со смртни последици за 33,3 %.Минатат година во 12 сообраќајки загинале 19 лица, а годинава осум лица го изгубиле животот во исто толкав број на сообраќајни несреќи„ - велат од СВР Куманово.

    Од вкупниот број на регистрирани кривични дела, 52 отсто се расветлени. Особено е зголемена ефикасноста во откривањето на кривични дела од недозволено поседување и продавање на дрога каде процентот изнесува 65,5 одсто.