Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на вчерашното попладне навнале 17,1 литар на метар квадратен дожд во Куманово. Поројниот дожд проследен со силен ветар, електрични празнења и град, не предизвикал поголеми штети.
Скршени се повеќе дрвја и имало излевање на водата на улица во населбата Карпош и во други делови на градот.
„Имавме дојава дека на ул. Страшко Симонов од силниот ветер се кршило дрво, кое паднало на улицата и го отежнува сообраќајот. Известени се надлежните во ЈП „Чистота и Зеленило“, кои до крајот на денот го отстраниле дрвото“, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).
Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. УВ=8