Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 771 тестирања, а регистрирани се 161 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 90, Гостивар 15, Куманово 11, Струмица 8, Прилеп и Берово 6, Тетово 5, Крива Паланка 1 и др.
Починати се 12 лица: 7 пациенти од Скопје (56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82), пациент од Струга (67), од Тетово (85), од Битола (68), од Кавадарци (56) и пациент од Прилеп (63). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти. Во Куманово 6 лица.
Досега во земјата се направени вкупно 221.782 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23788, бројката на оздравени пациенти е 17392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5550.