×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово обезбедени 2.000 вакцини против сезонски грип, почна бесплатната вакцинација

    25.10.2023 10:23 | Оливера Пешевска

    Во просториите на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово денеска почна вакцинацијата против сезонски грип. За бесплатна вакцинација се  обезбедени се 2 илјади дози четиритипни вакцини , а за комерцијална вакцинација 200 вакцини.

    Во Куманово обезбедени 2.000 вакцини против сезонски грип, почна бесплатната вакцинација

    „Веќе петта година по ред вакцината за ризичните групи граѓани е бесплатна, а пријавувањето оди преку страницата  vakcinacija.mk,или преку матичните лекари. Исто како минатата година се работи за вакцини од холандско производство. Што се однесува до комерцијалните вакцини, кои се примаат на доброволна база имаме на залиха 200 дози, а нивнта цена годинава е 700 денари, поевитна за 100 во однос на минатата година“изјави директорот на ЦЈЗ Ариф Љатифи.

    Надлежните нагласуваат дека граѓаните можат да се вакцинираат против сзонски грип и во ноември или декември, бидејќи согласно епидемиолошките податоци оваа болест во последните десетина сезони го достигнува пикот кон крајот на месец февруар

    Вакцинацијата е бесплатна за ризичните групи меѓу кои стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, пријавените ќе добијат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат преку смс порака. Од ЦЈЗ ги замолуваат граѓаните да се придржуваат до одредениот термин за да се избегнат метежите во чекалниците.

    Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција од вирусот која спречува појава на потешки форми,компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи.