×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово одбележан Денот на независноста

    08.09.2020 12:26 | KumanovoNews

    Со положување цвеќе пред Споменикот жена борец на градскиот плоштад и одржување на манифестацијата „Заедно за граѓаните”, денеска во Куманово беше одбележан Денот на независноста на Република Северна Македонија.

    Во Куманово одбележан Денот на независноста

    Пред споменикот се поклонија делегации од Сојузот на борците, Општината, Советот, АРМ, МВР, политички партии, јавни претпријатија, училиштата, невладините организации и граѓани.

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, им го честиташе празникот на граѓаните и потсети дека на овој ден, пред дваесет и девет години вековниот стремеж на нашиот народ за сопствена, самостојна и независна држава се преточи во реалност. Тој нагласи дека Куманово е пример за соживот на етничките заедници, општина во која се создаваат услови за сигурен и безбеден живот, и која нуди перспективи и помага на граѓаните.

    „Со еден збор Куманово е Македонија во мало. Наша должност е да продолжиме по овој пат. Да дадеме шанса на секој граѓанин, но пред се да им дадеме шанса на младите да го продолжат она што го започнавме“, рече Димитриевски.

    По завршувањето на прославата се одржа манифестацијата  „Заедно за граѓаните”, која традиционално ја организира Општина Куманово, СВР Куманово, ТППЕ Куманово, Здравствен Дом, Црвен крст, ученици, мотоклуб „Мечки“. Манифестацијата оваа година беше посветена на безбедноста во сообраќајот, пред се за мотоциклистите.

     Беа презентирани сервисни информации, услуги, кои граѓаните можат да ги добијат од институциите, активности и показна вежба. Настанот е посветен на поголема
    безбедност во сообраќајот, потребата за поголема сообраќајна култура, почитување на
    сообраќајните правила и прописи, како и почитување на мерките за заштита и спречување на
    ширењето на корона вирусот.

    (С.Н.)