×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово осум ковид инфекции за првите две недели во август

    22.08.2024 09:05 | Оливера Пешевска

    Во првата половина на август, потврдени се осум случаи на Ковид инфекција на жители на Куманово, со тестови во Микробиолошката лабораторија на Центарот за јавно здравје. Станува збор за најновиот, мутиран сој на корона вирусот, кој дава полесна клиничка слика, а и самата бројка покажува дека состојбата во градот е стабилна.

    Во Куманово осум ковид инфекции за првите две недели во август Фото: pixabay.com

    На 25 јули е забележан првиот случај, но главно поминува со полесна клиничка слика на инфицираните.

    „Детектирани се 8 случаи, тоа е мал број, кој не претставува епидемија. Тоа се воглавно амбулантски пациенти, испратени од матичните лекари, неколку од нив и од Општата болница. Сите позитивни се пријавуваат во епидемиолошката служба и до Инистутот за јавно здравје“, изјави Весна Стефановска, специјалист по медицинска микробилогија.

    Според тврдењето на надлежните Центарот за јавно здравје располога со доволен број на тестови, прилагодени за детекција и на најновиот мутиран сој на Ковид 19. Тестирањето треба да се спроведува исклучиво по индикација, односно доколку се пројават симптоми карактеристични за ковид.

    Комисијата за заразни болести издаде препораки да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица. Што се однесува на носењето на заштитни маски тоа се однесува на посетата на здравствените установи или ординации.