Во Куманово попис ќе вршат 340 попишувачи
Државниот завод за статистика распиша јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој ќе се одржи од 1 од 15 октомври.

Според податоците објавени на сајтот на оваа институција во Општината Куманово, попис ќе вршат 171 Македонец, 153 Албанци, 6 Роми, 10 Срби и двајца од останатите националности.
Во Општината Старо Нагоричане ќе бидат ангажирани 55 Македонци и 61 Србин, а во Липково 10 Македонци, 45 Албанци, 79 Срби и еден од останатите етнички заедници.
На конкурсот можат да учествуваат сите граѓани без разлика на етничката припадност, кои се државјани на Република Македонија, полнолетни, со најмалку средно образование, да не се вработени и да го познаваат соодветниот јазик на заедницата.