Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово во 2011 година, произведени се 12.514 тони вино, од кои само 1020 тони се од сопствено производство.
Според податоци од Државниот завод за статистика, во кумановско има 889 хектари лозје, 5507 родни пенушки, а во просек секоја лоза дава по 2 килограми грозје.
Во Липково се произведени 684 тони грозје и таму една пенушка раѓа по 3 килограми грозје.
Во Старо Нагоричане забележано е производство на 3937 тони вино, а просекот е ист како за Куманово, 2 килограми се раѓаат од една пенушка.
Најголемо производство до земјава бележат Росоман, Неготино, Кавадарци и Скопје. Во одредени краеви како Берово и Крива Паланка, производството на вино е реткост.