×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово регистрирани двесетина куќни совети

    05.10.2010 12:00 | KumanovoNews

    Одзивот е незначителен со оглед на тоа што Kуманово има над 100 илјади жители од кои добар дел живеат во колективни стамбени згради.

    Во Куманово регистрирани двесетина куќни совети

     Во Централниот регистар во Куманово досега се регистрирани само 20 Заедници на сопственици на згради, а во процедура се уште 15 барања за упис на основање. Одзивот е незначителен со оглед на тоа што куманово има над 100 илјади жители од кои добар дел живеат во колективни стамбени згради.

    Одзивот е многу мал, но Централен регистар, како надлежна институција за спроведување на постапката за регистрација согласно Законот за домување, ги има превземено сите потребни мерки за олеснување на постапката на регистрација на граѓаните. Имено, сите странки кои ќе дојдат во нашата регионална канцеларија добиваат детален опис на сите чекори од постапката за регистрација и совети за начинот на поднесување на документацијата. Исто така, на секоја странка се дава бесплатен примерок - урнек на Статут на Заедница на сопственица на згради и урнек од Одлука за формирање на заедница, кои во огромна мерка го олеснуваат процесот на регистрација. На web-страната на Централниот регистар на РМ www.crm.org.mk  поставени се сите примероци од потребната документација за регистрација  - вели Игор Божиновски, раководител на Регионалната регистрациона канцеларија Куманово.

    Kолку  заедници на сопственици на згради треба да се регистрираат во Општината Куманово не знае никој. Нема евиденција во Централниот регистар, Општината, Одделенијата за урбанизам и даноци, Катастарот и Статистика. Градот нема ни официјална информација колку колективни стамбени згради има на својата територија.

    Министерството за транспорт и врски, информираше дека нема да  го пролонгира рокот за формирање на заедница на сопственици, и апелираше до граѓаните во најкус рок да пристапат кон регистрација на куќните совети како не би се изложиле на санкции од страна на општините. Законот стапи на сила во август 2009 година со што беше даден доволен период од една година за да се регистрираат куќните совети.

     Со новиот Закон за домување ќе треба да се сменат досегашни навики на граѓаните и се забранува користење правосмукалка и пуштање музика или какви било апарати што создаваат бучава од 13 до 17 и од 22 до 5 часот наутро.Не смеат ни да простираат алишта на отворени делови на зградата (прозорци и балкони) што се видливи на улиците, да се чуваат предмети на терасите што го нагрдуваат изгледот на зградите и кои можат да им наштетат на минувачите.Се забранува и пушење на скалите во влезовите и во лифт.Не смее повеќе да се случи и тресење теписи и постелнина од балкон. Станарите нема да можат повеќе и да оставаат ѓубре пред својата врата, ниту, пак, во заедничките простории.За регулирање на овие ставки од Законот ќе биде надлежна регулаторната комисија за домување. Ако некој од станарите не сака да плати за одржување на заедничките простории или, пак, не ги почитува одредбите, куќниот совет ќе треба да поднесе претставка до регулаторната комисија за домување, а таа ќе поведе прекршочна постапка пред надлежен суд. Комисијата ќе биде надлежна и да се грижи за квалитетно задоволување на потребите на населението, за заштита на животната средина и природата, да посредува во решавање спорови што ќе настанат меѓу закупците, закупувачите, управителите и сопствениците. По барање на некој закупец, комисијата ќе треба да ја провери висината на ќиријата, да изврши категоризација на становите, да ги издава и менува лиценците за вршење на управување за што ќе треба да води регистар на управителите на станбените згради