×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово се одржа републичкиот натпревар Млад библиотекар

    21.05.2024 18:51 | Оливера Пешевска

    Во Библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово денеска се одржа 23. по ред републички натпревар Млад библиотекар. 

    Во Куманово се одржа републичкиот натпревар Млад библиотекар

    Најуспешни на натпреварот беа Ардита Зенку од Кичево, која го освои првотот место, второпласиран беше Андреј Петровски од Градско, а третото место го зазеде Анисија Петрушевска од Скопје.

    На натпреварот учествуваа 25 ученици од основни училишта од различни градови од Македонија, а организатор е Библиотекарското здружение на Македонија.

    Најбројни беа учениците од Скопје, а потоа од Струмица, Радовиш, Куманово, Градско и други градови. 

    „По одржаниот општински натпревар за млади библиотекари, најдобриот се пласираше за учество на национално ниво. Ова година Библиотеката „Тане Георгиевски“ од Куманово ја има честа да биде домаќин. Минатата година се одржуваше во Кочани, каде Матео Митевски од Куманово зеде прва награда“, истакна директорката Христина Алексовска.

    На победниците им беа доделени дипломи, книги како награда и симболични ваучери од поддржувачите на ова манифестација. Пофалници добија и сите останати учесници.