Мени

Во Куманово седуммина новозаболени и 15 оздравени од коронавирус

21.08.2020 13:52 | KumanovoNews

Во последните 24 часа направени се 1825 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19. По градови во:Скопје 32, Куманово 7, Дебар 8, Штип 14, Тетово 10, Гостивар 11, Берово 8...

Во Куманово седуммина новозаболени и 15 оздравени од коронавирус

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје на 62 и 68 години и еден пациент од Струга на 68 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 225 оздравени пациенти од:Скопје 146, Куманово 15, Тетово 10, Битола 10, Гостивар 10...

Досега во земјата се направени вкупно 134.318 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13308, бројката на оздравени пациенти е 9977, на починати е 557, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2774.